Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави дека нема да се кандидира за третиот претседателски мандат, што претставува значајна промена по повеќемесечното најавување на таа идеја, иако Уставот го забранува тоа.
Трамп, познат по чести промени на мислењето за важни прашања, зборуваше со новинарите на бордот на Air Force One за време на турнејата низ три азиски земји. Неговото „кокетирање“ со можноста за третиот мандат предизвика реакции кај противниците и правните експерти, кои посочуваат дека 22. амандман на Уставот јасно наведува дека никој не може да биде избран за претседател повеќе од двапати.
„Ако го прочитате, прилично е јасно – не можам да се кандидираам. Штета, но имаме многу одлични луѓе“, рече Трамп, додавајќи дека потпретседателот Џеј Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио би биле „незауставливи“ ако заедно се кандидираат во 2028 година.
Трамп (79) повеќепати одбиваше да ја исклучи можноста за третиот четиригодишен мандат во 2028 година, често на своите митинзи најавувајќи ја кандидатурата и делeјќи капи „Трамп 2028“ со соработниците во Белата куќа.
Неговите коментари дојдоа еден ден откако неговиот блиски сојузник, претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон, изјави дека не гледа начин за промена на Уставот, бидејќи тоа би барало приближно десет години за ратификација од сите држави. Џонсон, поранешен уставен адвокат, истакна дека Трамп е свесен за правните ограничувања за третиот мандат.































