УТРО.мк

Тешка сообраќајка во Србија: Има загинати, возило целосно изгоре

Тешка сообраќајка во Србија: Има загинати, возило целосно изгоре
Vero

Тешка сообраќајна несреќа се случи во близина на Рума, Србија, при што според неофицијални информации од српските медиуми, има загинати лица.

По несреќата, едно од возилата целосно изгорело, а на местото на инцидентот веднаш пристигнале екипи на пожарникарите и сообраќајната полиција.

Сообраќајот на делницата е целосно запрен, а движењето се одвива отежнато поради интервенцијата на надлежните служби.

Засега нема официјални информации за точниот број на загинати и повредени, ниту за причините поради кои дошло до несреќата. Се очекуваат повеќе детали по завршувањето на увидот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран