УТРО.мк

Тензичен протест во Тирана: 17 уапсени, 35 под истрага

Тензичен протест во Тирана: 17 уапсени, 35 под истрага
Vero

По протестот на албанската опозиција во Тирана кој ескалираше во судири со полицијата, 17 лица се уапсени, а против 35 се води истрага додека се на слобода, јави RTSH.

Инцидентите започнале кога дел од демонстрантите се судриле со полицијата во близина на кабинетот на премиерот Еди Рама, при што биле фрлани молотови коктели. Полицијата интервенирала со солзавец за да ја растера толпата.

Подоцна, протестот се префрлил кон зградата на парламентот, каде што повторно се случиле судири и фрлање запаливи средства, што резултирало со нова полициска интервенција. Во судирите се повредени повеќе лица, кои се пренесени во болница.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран