УТРО.мк

Судири на протестот во Тирана: Демонстранти фрлаа молотови коктели, полицијата возврати со солзавец

Судири на протестот во Тирана: Демонстранти фрлаа молотови коктели, полицијата возврати со солзавец
Vero

Тензиите во албанската престолнина ескалираа за време на протестот организиран од опозициската Демократска партија, предводена од Сали Бериша, при што дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Протестот започна пред зградата на Владата во Тирана, каде учесниците побараа оставка од албанскиот премиер Еди Рама. По говорите на опозициските претставници, демонстрантите се упатија кон Министерството за внатрешни работи, но беа запрени од полициски кордони.

Според албанските медиуми, полицијата употребила водени топови и солзавец за да ја растера толпата, откако дел од демонстрантите почнале да фрлаат молотови коктели и други предмети кон безбедносните сили.

Во текот на вечерта неколку главни улици во центарот на Тирана беа блокирани, а на терен беше забележано засилено полициско присуство.

Засега нема официјални информации за бројот на евентуално повредени лица или приведени учесници во протестите.

Протестот беше организиран од Демократската партија, која во последниот период организира серија собири против владата на Еди Рама, обвинувајќи ја за корупција и лошо управување со државата.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран