УТРО.мк

Припадници на ЕУФОР од Македонија спасија патници од возило заглавено во канал кај Тузла

Припадници на ЕУФОР од Македонија спасија патници од возило заглавено во канал кај Тузла
Vero

Патрола на ЕУФОР, составена од припадници на армиите на Турција и Северна Македонија, вчера околу 14:00 часот спасила две лица од возило кое излетало од магистралниот пат кај Тузла и завршило во канал покрај коловозот.

Несреќата се случила меѓу 24-ти и 25-ти километар на магистралниот пат од Тузла, кога автомобил „Фолксваген Голф 5“ изгубил контрола, излетал од патот и удрил во дрвја покрај каналот. Возилото останало искосено и заглавено, додека маж и жена кои се наоѓале во автомобилот биле делумно потопени во водата.

Откако ја забележале несреќата, припадниците на ЕУФОР веднаш интервенирале за да им помогнат на патниците, кои во паника се обидувале да излезат од возилото поради страв дека може да потоне подлабоко или да се преврти.

Во спасувачката акција се вклучиле и цивили кои се нашле во близина и помогнале при извлекувањето на повредените.

Поради сомнеж за повреди кај жената, меѓу кои и можни скршеници, спасувачкиот тим постапил внимателно. Со помош на скали, кои биле искористени како импровизирани носила, жената била безбедно извлечена од каналот за да се избегнат дополнителни повреди.

Од ЕУФОР посочуваат дека остануваат посветени на безбедноста на сите учесници во сообраќајот во Босна и Херцеговина и им оддадоа признание на своите припадници за брзата реакција и ефикасната тимска работа во акцијата за спасување животи.

Фотографијата е преземена од euforbih.org.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран