УТРО.мк

Србија го враќа задолжителниот воен рок по повеќе од една деценија

Србија го враќа задолжителниот воен рок по повеќе од една деценија
Vero

Србија повторно ќе воведе задолжителна воена служба, најави претседателот Александар Вучиќ, поради загриженост околу наводното формирање на воени сојузи против земјата.

Вучиќ истакна дека новиот воен рок ќе започне кон крајот на 2026 година или почетокот на 2027 година. Србија ја укина редовната воена служба во 2011 година, но остана можноста за доброволно служење.

„Се соочуваме со предизвици од формирање на воени сојузи во нашата средина и затоа делуваме одговорно. Не провоцираме никого, туку сакаме да одвратиме потенцијална агресија“, рече Вучиќ.

Претседателот додаде дека одбранбените капацитети на воздухопловните сили и воздушната одбрана се значително зголемени, а буџетот за одбрана достигнува рекордни 2,65% од БДП, од кои повеќе од половина се инвестиции.

Воената служба ќе трае 75 дена, а подготовките за нејзиното воведување се во тек. „Потребно е да се реновираат регрутните центри и да се подобрат клиниките и другите објекти, за младите војници да го поминат времето во најдобри услови и да стекнат одговорност, сериозност и чувство на патриотизам“, рече Вучиќ.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран