УТРО.мк

Скандал пред партиското седиште на Радев: Новинарка соборена на тротоар

Скандал пред партиското седиште на Радев: Новинарка соборена на тротоар
Vero

Бугарската новинарка Соња Колтуклиева паднала на тротоарот откако била турната од припадник на Националната служба за обезбедување – НСО, додека се обидувала да ѝ постави прашање на претседателката на Народното собрание, Михаела Доцова.

Инцидентот се случил пред седиштето на „Прогресивна Бугарија“ во Софија. Снимката се проширила на социјалните мрежи и предизвикала остри политички реакции и барања за утврдување одговорност.

Колтуклиева била прегледана во Военомедицинската академија, по што била пуштена на домашно лекување. Медицинската установа не објавила дополнителни детали за нејзината здравствена состојба, повикувајќи се на медицинската доверливост.

Според бугарските медиуми, новинарката подоцна дала исказ во Военоокружното обвинителство во Софија. „Дарик“ објави дека таа соопштила оти службеникот што ја турнал е задржан. Од НСО биле назначени проверки за постапувањето на обезбедувањето.

По инцидентот, Доцова изразила жалење и го оценила случувањето како „апсолутно недопустливо“. Според „Нова“, таа побарала лично да разговара со новинарката и најавила дека ќе инсистира на строги мерки од службата.

ГЕРБ-СДС побара политичка одговорност и оставка од претседателката на парламентот. На осуда се приклучија и претставници на други партии, кои порачаа дека поставувањето новинарски прашања не смее да биде повод за употреба на сила.

Дел од политичарите побараа одговорност и од раководството на НСО. Случајот отвори дебата за односот на обезбедувањето кон новинарите и за обврската на институциите да овозможат непречено известување од јавни настани.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран