Голема полициска операција во Валенсија резултираше со апсење на тројца членови на „Балканскиот картел“ и уште 78 лица, при што се запленети повеќе од 4,5 тони кокаин, 365.000 евра, луксузни стоки и огнено оружје.
Операцијата „Пајак“ опфати 59 претреси на куќи и деловни простории во Валенсија, Ибица и околните градови, а истрагата откри организација која од почетокот на 2024 година работела како нарко-картел во пристаништето Валенсија.
Специјално обучени „спајдермени“ биле ангажирани за пристап до контејнерите со кокаин, а картелот платил и на сопственици на транспортни компании и шпедитери за непречен пристап до пристаништето.
Националната полиција успеала да спречи осум планирани операции за екстракција на дрогата, додека запленетите стоки и пари укажуваат на огромен профит од илегалната трговија.