Кремљ ја критикуваше НАТО по изјавите дека би можел да собори руски авиони доколку дојде до повреда на воздушниот простор, пренесува ДПА.
„Сè понапнатата ситуација во Европа е загрижувачка“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во петок на руската државна телевизија. „Изјавите дека руски авиони мора да бидат соборени се најмалку непромислени, неодговорни и, секако, опасни по своите последици“, додаде тој. Песков повторно ги отфрли обвинувањата дека Русија го нарушила воздушниот простор на Естонија, тврдејќи дека нема докази за тоа.
Инцидентот се случи откако три руски борбени авиони МиГ-31 прелетаа над естонскиот воздушен простор околу 12 минути над Балтичкото Море. На барање на Естонија, земјите-членки на НАТО одржаа посебен состанок во Брисел, на кој западниот воен сојуз предупреди дека границите не смее да се кршат и закани со употреба на сила.
Пред инцидентот во Естонија, Полска пријави дека руски дронови навлегле во нејзиниот воздушен простор, од кои неколку беа соборени во воздух, додека Москва ја негираше својата одговорност.