УТРО.мк

Хрватскиот Сабор одби да ја признае Палестина

Хрватскиот Сабор одби да ја признае Палестина
Vero

Хрватскиот Сабор денеска со големо мнозинство го отфрли предлогот на опозицијата за признавање на Државата Палестина. „Против“ гласаа 73 пратеници, 44 беа „за“, а четворица „воздржани“.

Претседателот Зоран Милановиќ, поранешен лидер на СДП, повеќе пати бараше од Владата да ја признае Палестина. Но владејачката коалиција предводена од ХДЗ и премиерот Андреј Пленковиќ останува на ставот дека решението треба да биде модел „две држави“ преку дијалог и мировен процес.

Шефот на дипломатијата, Гордан Грлиќ Радман, претходно порача дека сè уште не се исполнети условите за признавање, бидејќи најпрво треба да завршат судирите и да се ослободат сите заложници.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран