УТРО.мк

Разорно невреме ја погоди Србија: Поплави, град и хаос низ повеќе градови

Разорно невреме ја погоди Србија: Поплави, град и хаос низ повеќе градови
Vero

По денови на екстремна горештина со температури над 42°C, Србија беше погодена од силно невреме кое попладнево донесе драматично разладување, но и сериозни последици.

Бурата зафати повеќе делови од земјата со силен ветер, поројни дождови и град, при што беа предизвикани штети на објекти, поплавени улици и сообраќаен хаос.

Белград е под активно метеоролошко предупредување од Републичкиот хидрометеоролошки завод, со најави дека невремето ќе се засилува во текот на денот.

Најпогодени досега се Крагуевац и Јагодина, каде улиците се претворија во реки, дрвја паднаа на коловозите, а има и извештаи за материјална штета на згради и возила.

Во Аранѓеловац, очевидци пријавуваат дека паѓал град со големина на ореви, што предизвикало дополнителна штета на покриви и насади. На социјалните мрежи кружат драматични снимки и фотографии, а граѓаните сведочат за „освежување со висока цена“.

Надлежните служби апелираат до населението да не излегува без потреба додека трае нестабилноста и да бидат крајно внимателни поради опасност од поплави и оштетени дрвја и објекти.

Според прогнозите, нестабилното време ќе продолжи и во наредните часови.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран