УТРО.мк

„Рајанер“ ја повлекува базата од Солун и го намалува бројот на летови

„Рајанер“ ја повлекува базата од Солун и го намалува бројот на летови
Vero

Нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“ ќе ја затвори својата база на аеродромот „Македонија“ во Солун оваа зима и ќе го намали бројот на летови од и кон градот, поради, како што наведуваат од компанијата, значително зголемените аеродромски такси.

Според изјавата на главниот комерцијален директор на компанијата, Џејсон Мекгинес, досегашните разговори со операторот на грчките аеродроми не донеле никаков напредок. Тој истакна дека таксите на управителот на аеродромите, Fraport Greece, се зголемени на ниво кое е околу 66 проценти повисоко во споредба со периодот пред пандемијата.

Од Ryanair, една од најголемите европски нискобуџетни авиокомпании, велат дека ваквите услови ја прават базата во Солун комерцијално неисплатлива, поради што се носи одлука за повлекување на авионите и екипажот во зимскиот период.

Од друга страна, од Фрапорт ги отфрлаат ваквите обвинувања, наведувајќи дека одлуката на авиокомпанијата нема врска со таксите, туку со нејзината деловна стратегија и проценките за профитабилност.

„Фрапорт Грција“ посочува дека политиката на цените е усогласена со пазарните услови и дека намалувањето на операциите е исклучиво избор на авиопревозникот.

Рајанер, кој има десетици бази низ Европа, во последниот период најави и други слични рационализации, вклучително и затворање на бази на одредени европски аеродроми поради зголемени оперативни трошоци.

Промените во Солун ќе доведат до намалување на капацитетите и зимскиот распоред на летови во северна Грција, додека дел од авионите ќе бидат пренасочени кон други пазари во Европа.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран