УТРО.мк

Поранешната Фудбалска ѕвезда Бербатов – „Мите Македончето“ од Благоевград (Горна Џумаја) влегува во бугарската политика како советник на премиерот Андреј Ѓуров

Поранешната Фудбалска ѕвезда Бербатов – „Мите Македончето“ од Благоевград (Горна Џумаја)  влегува во бугарската политика како советник на премиерот Андреј Ѓуров
Vero

Поранешната фудбалска ѕвезда со богата интернационална кариера Димитар Иванов Бербатов е назначен за советник на службениот премиер на Бугарија, објавија бугарските медиуми.

Ова е негово прво формално ангажирање во извршната власт по завршувањето на богатата спортска кариера.
Бербатов е роден во Благоевград, (Горна Џумаја) град во Пиринскиот дел на Македонија, од каде потекнува и го започнал фудбалскиот пат во локалниот клуб Пирин.
Во јавноста со години е познат и по прекарот „Мите Македончето“, кој се користи како опис на неговото потекло.


Актуелниот премиер на Бугарија пак, Андреј Ѓуров, исто така потекнува од Пиринскиот регион – роден е во градот Гоце Делчев, историски познат како Неврокоп.
Така, на врвот на бугарската извршна власт и во неговиот советнички тим се најдоа две личности со корени од географската област Македонија.


Бербатов, кој играше за Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Баер Леверкузен и важи за еден од најуспешните бугарски фудбалери, по завршувањето на кариерата беше активен во фудбалската администрација и јавниот живот, а сега добива и директна политичка улога.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран