УТРО.мк

Прв пат без поминување на црвено, но брзината е сè уште проблем

Прв пат без поминување на црвено, но брзината е сè уште проблем
Vero

Во изминатото деноноќие, системот „Безбеден град“ за првпат од неговото воведување, не забележа ниту еден возач да помине на црвено светло. Иако камерите регистрирале вкупно 526 сообраќајни прекршоци, делот за непочитување на семафорите беше чист како солза.

Податоците од вчера покажуваат дека во сите урбани подрачја и на главните сообраќајни коридори, каде се поставени камери, преминување на затворен семафор не е забележано, нешто што се случува по првпат од воведувањето на системот.

Од сите регистрирани прекршоци, огромното мнозинство – 504 случаи – се однесуваат на возење со брзина над дозволената, додека 22 возачи биле фатени со истечена сообраќајна дозвола. Интересно е што 84 од прекршителите биле со странски регистарски таблички.

Од страна на полицијата биле изречени 17 забрани за управување со возило, сите поради сериозни прекршоци на брзината. 13 случаи биле за возење многу над дозволената брзина во населено место, а 4 случаи се однесувале на превишување на ограничувањата според техничките параметри на возилото.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран