УТРО.мк

Тешка сообраќајка во Скопје: Такси се заби во скалите на „Рептил маркет“

Тешка сообраќајка во Скопје: Такси се заби во скалите на „Рептил маркет“
Vero

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на улицата „Востаничка“ во скопската населба Црниче, кај „Рептил маркетот“. Во инцидентот учествуваа две возила, од кои едното е такси.

Од фотографиите што ги доставија граѓани до „Слободен печат“ се гледа дека такси возилото се забило во скалите од маркетот, кој се наоѓа веднаш до улицата, поради силата на ударот.

Нема официјални информации за повредени лица, но очевидци наведуваат дека најверојатно има повредени од двете возила, со оглед на сериозното оштетување на возилата.

Полицијата и итната помош се на терен за утврдување на причините и последиците од несреќата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран