УТРО.мк

Почина македонски државјанин во притвор во Албанија

Почина македонски државјанин во притвор во Албанија
Vero

Македонски државјанин на возраст од 54 години починал во притворскиот центар во Валона, Албанија, откако, според првичните информации, доживеал срцев удар.

Според албанските медиуми, притвореникот почувствувал здравствени проблеми, по што веднаш бил пренесен во Регионалната болница во Валона. И покрај обидите на лекарите да го реанимираат, тој починал. Надлежните институции спроведуваат истрага за да ги утврдат сите околности поврзани со случајот.

Станува збор за македонскиот државјанин Б.Л., кој беше уапсен на 25 април годинава во полициска акција во Валона. Според албанската полиција, тој изнајмил стан во населбата „10 Јули“, кој наводно го користел како место за чување и подготовка на кокаин и марихуана за понатамошна дистрибуција.

При претресот на станот биле пронајдени количини кокаин и марихуана, електронска вага и повеќе мобилни телефони.

Во истата акција биле уапсени и двајца албански државјани, кои се осомничени за кривичното дело производство и продажба на наркотични дроги.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin