
Албанија продолжува да го зајакнува својот имиџ како атрактивна дестинација за странски туристи, а најновите статистики на Министерството за туризам, култура и спорт го потврдуваат тоа. Во 2025 година, земјата ја посетиле дури 12.466.038 странски туристи, што претставува раст од 6,6% или приближно 770.000 посетители во однос на претходната година.
Најголем дел од туристите доаѓаат од соседството – Косово предводи со 4.662.571 посетител, што е пораст од 5,3% во споредба со 2024 година. Следат Италија со над 1,92 милиони туристи, Македонија со над 932.000, Грција со над 803.000 и Црна Гора со над 781.000 посетители.
Министерството истакнува дека ваквиот раст ја покажува ефективноста на инвестициите во туризмот и културата, како и успешната работа на централните и локалните институции.
Финансиските резултати се исто така импресивни – приходите од туризмот за првите девет месеци од годината достигнале 4,4 милијарди евра, што е зголемување од 14,5% во споредба со претходната година.


























