УТРО.мк

НА ХАЛКИДИКИ НЕМА МИЛОСТ ЗА НЕЗАКОНСКО ЗАФАЌАЊЕ НА ПЛАЖИТЕ – КОНФИСКУВАНАТА ОПРЕМА НЕ СЕ ВРАЌА

НА ХАЛКИДИКИ НЕМА МИЛОСТ ЗА НЕЗАКОНСКО ЗАФАЌАЊЕ НА ПЛАЖИТЕ – КОНФИСКУВАНАТА ОПРЕМА НЕ СЕ ВРАЌА
Vero

Општината Касандра на првиот крак на Халкидики, со поддршка од грчката полиција, вчера спроведе нова координирана акција за отстранување на нелегално поставените чадори, лежалки и друга плажна опрема помеѓу Полихроно, Ханиоти и Пефкохори.

Оваа акција следува по пријави од граѓани и извршени претходни контроли, а надлежните најавија дека конфискуваната опрема нема да им биде вратена на прекршителите.

„Ги повикуваме сите кои нелегално го окупирале брегот веднаш да ја отстранат опремата, за да ги избегнат административните и кривичните последици. Општина Касандра ќе продолжи доследно да го брани јавниот простор и да го спроведува законот“, соопштија од локалната власт.

Ваквите акции, иако ненајавени, беа претходно најавени преку објави на социјалните мрежи, напишани на англиски, германски и српски јазик. Општината уште минатиот месец предупреди дека ќе се засилат инспекциските контроли за ослободување на јавниот простор на плажите од нелегално поставени предмети.

Инспекциите ќе продолжат и во другите делови на Халкидики каде што се регистрирани слични прекршувања, а туристите се повикуваат да ги почитуваат локалните правила и закони.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран