УТРО.мк

Косово ги примило првите беспилотни летала „RQ-20 Puma“ од САД

Косово ги примило првите беспилотни летала „RQ-20 Puma“ од САД
Vero

Косово минатата недела ги примило беспилотните летала „AeroVironment RQ-20 Puma“ набавени од САД, објави министерот за одбрана во технички мандат, Ејуп Маќедонци.

Тој на својот профил на Фејсбук истакна дека леталата се набавени преку меѓудржавна програма, а плаќањето за набавката е извршено во 2021 година. Според него, „Puma“ и другите беспилотни летала претставуваат важен капацитет за зајакнување на способностите на Косовските безбедносни сили во областа на беспилотните системи.

„Соработката со САД во одбраната постојано се продлабочува и проширува, придонесувајќи за развојот на нашата армија и за остварувањето на заедничките интереси на двете земји“, напиша Маќедонци.

„RQ-20 Puma“ е мало електрично беспилотно летало кое се лансира од рака, а примарно се користи за надзор и собирање разузнавачки информации преку електрооптичка и инфрацрвена камера.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран