УТРО.мк

Хрватска: Нема укинување на EES системот на границите и покрај летните гужви

Хрватска: Нема укинување на EES системот на границите и покрај летните гужви
Vero

Хрватските власти ги демантираа шпекулациите дека за време на летната туристичка сезона би можело привремено да се укине EES системот на граничните премини, нагласувајќи дека ниту една земја-членка на Европската Унија досега не побарала негова суспензија.

За време на првомајските празници на граничните премини меѓу Босна и Херцеговина и Хрватска беа регистрирани значително подолги колони и задржувања. Како главна причина се посочува новиот систем за влез и излез од Европската Унија – EES.

Системот предвидува сите патници при преминување на границата да поминат биометриска контрола, што вклучува фотографирање на лицето, земање отпечатоци од прсти и скенирање на податоците од пасошот. Поради овие процедури, возачите и патниците се соочуваат со дополнителни задржувања, особено во периоди на зголемен сообраќај.

Во јавноста се појавија информации дека одредени држави, меѓу кои и Грција, размислуваат за можноста привремено да го олеснат спроведувањето на системот за време на туристичката сезона. Сепак, од хрватското Министерство за внатрешни работи за Klix.ba изјавиле дека Европската комисија ги информирала оти досега нема официјално барање за суспензија на EES.

„Цело време сме во контакт со Европската комисија и добивме потврда дека во овој момент ниту една членка на Европската Унија нема поднесено барање за прекин на земањето биометриски податоци и примената на EES системот“, изјавил хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ.

Според податоците на хрватските власти, од почетокот на примената на системот досега биле креирани повеќе од пет милиони записи за патници кои ги оставиле своите биометриски податоци.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран