УТРО.мк

Хрватска на удар од грип: 42 починати за две недели

Хрватска на удар од грип: 42 починати за две недели
Vero

Бројот на смртни случаи од грип и неговите компликации во Хрватска забрзано расте. Според последните податоци на Хрватскиот завод за јавно здравје (ХЗЈЗ), од почетокот на сезоната досега починале 51 лице, а само во последните две недели грипот однел 42 животи.

Иако бројот на нови случаи почнува да опаѓа, последиците од болеста сè уште се значајни, особено кај најранливите групи. До 18 јануари, на болничко лекување биле примени 1.807 пациенти, од кои 119 завршиле на интензивна нега. Само во последната недела хоспитализирани се 186 лица, а шест биле на интензивна нега.

Во споредба со истиот период минатата сезона, бројот на заболени расте драматично. Од октомври досега се пријавени 37.992 случаи, додека минатата сезона во истиот период биле 6.003. Бројот на хоспитализации исто така е значително поголем — 1.807 лица во однос на 528 минатата година.

Пријави за грип пристигнале од сите жупании, а највисока инциденца на 100.000 жители е регистрирана во Осиечко-баранската жупанија. Најзасегнати се децата од предучилишна и училишна возраст, додека најмал број заболени е кај лица над 65 години.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран