УТРО.мк

Каменуван автобус со српски туристи во Грција, тројца повредени

Каменуван автобус со српски туристи во Грција, тројца повредени
Vero

Автобус со 38 српски туристи бил нападнат со камења на автопатот Егнација, во близина на излезот за стариот пат Солун–Верија, јавуваат грчките медиуми повикувајќи се на полициски извори.

Инцидентот го предизвикале четири лица, најверојатно малолетници, кои со камења искршиле неколку прозорци од автобусот што се враќал од одмор.

Во нападот биле повредени двајца патници и еден од возачите. Полицијата привела две лица, но бидејќи не биле пронајдени докази против нив, тие се пуштени на слобода.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран