УТРО.мк

Грција најавува засилена иницијатива за проширување на ЕУ: Западен Балкан во фокус

Грција најавува засилена иницијатива за проширување на ЕУ: Западен Балкан во фокус
Vero

Во момент кога Европската Унија повторно го отвора прашањето за иднината на Западен Балкан, Атина се обидува да се наметне како еден од клучните двигатели на процесот. Од Брисел, пред почетокот на Советот за надворешни работи на ЕУ, грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис порача дека Грција веќе презела конкретна дипломатска офанзива преку неодамна потпишаната Декларација од Делфи.

Според него, иницијативата има за цел проширувањето на Унијата конечно да добие реална политичка динамика, а земјите од регионот да добијат поопиплива европска перспектива, особено во периодот кога Грција ќе претседава со Советот на ЕУ во втората половина на 2027 година.

Герапетритис најави дека министрите во Брисел ќе отворат расправа за најчувствителните геополитички жаришта: војната во Украина, кризата во Газа и стабилноста на Западен Балкан, која повторно се враќа високо на европската агенда.

Но, покрај дипломатските теми, шефот на грчката дипломатија алармираше и за безбедносен инцидент што предизвика вознемиреност во Атина. Станува збор за поморски дрон откриен во Јонското Море, во близина на Лефкада, случај што грчките власти го третираат како сериозна закана.

Тој откри дека Генералштабот веќе спроведува детална истрага за потеклото и техничките карактеристики на дронот, по што, како што рече, ќе следува официјален одговор од грчката Влада и соодветни дипломатски чекори.

„Грција нема да дозволи Медитеранот да се претвори во поле на воени операции“, порача Герапетритис, предупредувајќи дека ваквите инциденти директно ја загрозуваат безбедноста на пловидбата, животната средина и сигурноста на граѓаните во регионот.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран