УТРО.мк

Грција бара европска помош за справување со разгорени пожари низ земјата

Грција бара европска помош за справување со разгорени пожари низ земјата
Vero

Грчките власти побараа интервенција од Европскиот механизам за цивилна заштита, откако серија пожари избувнаа на повеќе локации ширум земјата, вклучувајќи ги областа Атика, северна Грција, островите Евија и Китира, како и јужниот Пелопонез.

Со цел да се засилат напорите за гаснење, Грција побара испраќање на шест противпожарни авиони од европските партнери. Според официјалните информации, веќе се активирани голем број пожарникари, копнени и воздушни сили на сите жаришта.

Портпаролот на противпожарната служба, Василис Ватракојанис, истакна дека пожарите се шират со исклучително голема брзина, предизвикувајќи опасност по населените места, што доведе до испраќање итни предупредувања преку бројот 112 за евакуација на граѓаните во зафатените подрачја.

„Пожарите што се појавуваат деновиве, особено денеска, брзо се развиваат и стануваат опасни. Се очекува ваквата состојба да продолжи и наредните денови, поради што побаравме дополнителна помош од Европа“, изјави Ватракојанис.

Штетите од огнената стихија се веќе пријавени во неколку региони, но точната проценка ќе биде возможна по завршувањето на интервенциите.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран