УТРО.мк

Голем студентски и граѓански протест вечерва во Белград против владеењето на Вучиќ

Голем студентски и граѓански протест вечерва во Белград против владеењето на Вучиќ
Vero

На денешниот Видовден, кој во Србија се смета за значаен национален и историски празник, во Белград е најавен масовен протест организиран од студенти и поддржан од граѓани, со јасна порака против актуелната власт предводена од претседателот Александар Вучиќ.

Протестот, кој е кулминација на повеќемесечните студентски демонстрации што траат веќе седум месеци, ќе започне во 18 часот и, според организаторите, ќе трае до 21 часот. Она што останува неизвесно е како ќе се развиваат настаните по тој термин, бидејќи студентите изјавија дека не преземаат одговорност за случувањата по 21:00 часот.

Студентите претходно поставија две конкретни барања до властите и најавија дека, доколку истите не бидат исполнети, ќе следи фаза на граѓанска непослушност.

Првото барање е распуштање на Народното собрание и распишување на предвремени парламентарни избори, со одлука донесена најдоцна до 21:00 часот вечерва.

Второто барање се однесува на јавните собири – студентите побараа Владата да упати јасен апел до Министерството за внатрешни работи, согласно член 18 од Законот за јавни собири, кој се поврзува со член 8 од истиот закон, да се прекине пријавениот собир во Пионирскиот парк и на плоштадот Никола Пашиќ – локации кои според нив се користат за контрапротест.

Очекувањата се дека денешниот протест ќе биде еден од најголемите досега, а вниманието на јавноста и медиумите е насочено кон тоа каков ќе биде одговорот на власта и дали ќе дојде до радикализација на состојбата во српската престолнина.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран