УТРО.мк

Георгиев до ЕУ: РСМ мора да ги исполни договорените обврски

Георгиев до ЕУ: РСМ мора да ги исполни договорените обврски
Vero

Бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев, во писмо до европските колеги нагласи дека договорениот европски консензус од јули 2022 година е единствениот пат за напредок на Република Северна Македонија кон ЕУ и не може да се менува. Тој изрази загриженост поради, како што тврди, континуираното неисполнување на обврските од страна на Скопје.

Според писмото, објавено од БГНЕС, Георгиев ги информирал земјите-членки на ЕУ и европските институции дека Северна Македонија наводно се обидува да ги компромитира клучните елементи на консензусот. „Наместо конструктивен дијалог и добрососедски односи, сведоци сме на политика на конфронтација, провокации и отстапување од обврските, вклучително и оспорување на договорите пред Уставниот суд во Скопје“, се вели во писмото.

Георгиев подвлече дека Бугарија очекува Северна Македонија да ги исполни своите обврски со добра волја, додавајќи дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ останува најдоброто решение за регионот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin