УТРО.мк

Драма во Белград: Зебра избегала од Зоолошката градина, повредени дете и маж

Драма во Белград: Зебра избегала од Зоолошката градина, повредени дете и маж
Vero

Голема драма се одвиваше денеска во Белград, откако зебра успеала да побегне од Зоолошката градина, потврдија за Telegraf.rs од самата институција.

Според првичните информации, при инцидентот се повредени едно дете и еден маж, по што веднаш биле испратени две екипи на Брзата помош на лице место.

Засега не е познато како точно зебрата успеала да излезе од својот простор, ниту каква е природата на повредите кај повредените лица.

Надлежните служби работат на целосно расчистување на случајот, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

Настанот предизвика голема вознемиреност кај граѓаните кои во тој момент се наоѓале во близина на Зоолошката градина.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран