УТРО.мк

Дел од српската опозиција бара санкции против Вучиќ

Дел од српската опозиција бара санкции против Вучиќ
Vero

Претставници на пет опозициски партии од Србија во Стразбур побараа од ЕУ воведување санкции против претседателот Александар Вучиќ и високи државни функционери.

Копретседателката на Зелениот лев фронт, Билјана Ѓорѓевиќ, истакна дека бараат замрзнување на средства и забрана за патување за оние што ја поддржале полициската бруталност врз демонстрантите. Протестите во Србија траат десет месеци, со барања за одговорност за смртта на 16 лица во Нови Сад и обвинувања за полициска сила, што властите го отфрлаат.

На панел-дискусијата „Србија: Демократија на крстопат“ беше побарано санкциите да ги опфатат и премиерот Ѓуро Мацут, претседателката на парламентот Ана Брнабиќ и министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

Српскиот шеф на дипломатијата, Марко Ѓуриќ, оцени дека ваквите повици „ѝ штетат на Србија“ и ѝ одат во прилог на „пропагандистите што сакаат да ја прикажат земјата како незрела и деспотска“.

Темата за протестите и употребата на сила ќе биде дел и од пленарната расправа на Европскиот парламент, на иницијатива на групата социјалисти и демократи.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран