УТРО.мк

ВЛЕН: ДУИ бега од прашањата за Артан Груби

ВЛЕН: ДУИ бега од прашањата за Артан Груби
Vero

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.

Од ВЛЕН велат дека наместо да се отвораат прашања за документите во Владата, треба да се дадат одговори за тоа до каде е постапката поврзана со Груби и неговото ставање на американската „црна листа“.

„Во место да земеме одговори дали Артан Груби ја купува својата слобода со мрачните тајни на ДУИ, денес гледаме нов обид за пренасочување на вниманието на јавноста“, наведуваат од ВЛЕН.

Од партијата посочуваат и на документи за кои тврдат дека Груби, во периодот кога бил прв вицепремиер, потпишувал официјални одлуки само на македонски јазик.

ВЛЕН ја повикува ДУИ, доколку се залага за владеење на правото и одговорност, да се приклучи на барањето до Обвинителството за јавноста да биде информирана до каде е предметот поврзан со Артан Груби.

„Наместо да ги бројат седниците и да продаваат магла, нека се приклучат на нашиот повик Обвинителството да покаже каде заглавил случајот со Артан Груби“, велат од ВЛЕН.

Од партијата прашуваат и дали евентуалното отворање на случајот со Груби би можело да отвори дополнителни прашања за работењето на ДУИ.

ВЛЕН смета дека јавноста треба да добие јасни одговори од надлежните институции за текот на постапката и евентуалната одговорност во случајот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin