УТРО.мк

(ФОТО | ВИДЕО) ЕЧЕШЕ МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА ВО МЕЛБУРН: Престон Лајонс по 34 години повторно го освои Докерти купот

(ФОТО | ВИДЕО) ЕЧЕШЕ МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА ВО МЕЛБУРН: Престон Лајонс по 34 години повторно го освои Докерти купот
Vero

Голем успех за македонскиот фудбалски клуб Престон Лајонс од Мелбурн, кој денеска го освои престижниот Докерти куп.

Во големото финале, Престон Лајонс со 3:1 го совлада Хајделберг Јунајтед и заслужено стигна до трофејот.

Финалниот натпревар се одигра на стадионот „Лејксајд“ во Мелбурн, пред бројна публика, која имаше можност да проследи одлична партија на Престон.

Триумфот има посебно значење за клубот и за македонската заедница во Австралија, бидејќи Престон Лајонс повторно го освојува Докерти купот по пауза од дури 34 години.

Последен пат клубот се радуваше на овој трофеј во 1992 година.

Со победата од 3:1 над Хајделберг Јунајтед, Престон Лајонс испиша нова успешна страница во својата историја и приреди големо славје меѓу своите навивачи и бројната македонска заедница во Мелбурн.

Освојувањето на купот е уште еден голем успех за клубот кој со децении претставува еден од најзначајните спортски симболи на Македонците во Австралија.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin