
Технологискиот гигант „Гугл“ се најде во судски проблеми откако корисници го обвинија дека „Гугл асистент“ ги шпионирал нивните приватни разговори на паметните телефони и ги користел за таргетирани реклами. Според поднесената тужба, ова се случувало од 18 мај 2016 година.
Компанијата ги негира обвинувањата, но сепак постигна спогодба за да избегне долготрајни судски процеси и големи трошоци. Документите за договорот се пред судијката Бет Лабсон Фримен во Федералниот суд во Сан Хозе, Калифорнија, која треба да одлучи дали ќе го одобри.



























