УТРО.мк

Две одделни заплени на марихуана во Скопје во рок од неколку часа

Две одделни заплени на марихуана во Скопје во рок од неколку часа
Vero

Во две одделни акции на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, во текот на вчерашниот ден и ноќта кон денеска, беа лишени од слобода двајца мажи поради поседување на марихуана.

Првиот случај се случи вчера околу 15:30 часот на булевар „Илинден“, кога полициските службеници го привеле 37-годишниот Н.А. од Скопје. При преглед на неговото возило, во две патнички торби беа пронајдени значителни количини марихуана.

Другиот инцидент следуваше во раните утрински часови на 27 јануари, околу 00:10 часот, на улицата „Цветан Димов“. Тогаш полициските службеници го лишија од слобода 21-годишниот Е.Х. од Тетово, кај кого исто така беше пронајдена марихуана.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран