УТРО.мк

Голема технолошка новина за Македонија: Интернет директно од сателит до телефон

Голема технолошка новина за Македонија: Интернет директно од сателит до телефон
Vero

Македонија е меѓу земјите во кои е планирано воведување на новата генерација на сателитската мобилна технологија Starlink Mobile V2, развиена од SpaceX.

Компанијата SpaceX и унгарската телекомуникациска групација 4iG склучија договор за проширување на Starlink Mobile во Европа. Покрај Унгарија и Албанија, идната V2 услуга е планирана и за Северна Македонија и Црна Гора. 

Технологијата овозможува мобилните телефони директно да комуницираат со сателитската мрежа, без потреба од дополнителна сателитска опрема. Целта е да се обезбеди мобилна поврзаност и во подрачја каде што традиционалната мобилна инфраструктура има слаб сигнал или воопшто не е достапна.

Особено значење технологијата може да има во планински и оддалечени региони, како и во ситуации на прекин на конвенционалните телекомуникациски услуги и при вонредни состојби. 

Според најавите, Starlink Mobile V2 ќе користи напредна сателитска технологија и спектар во опсегот од 2 GHz, со потенцијал за значително поголеми брзини и поширока покриеност во споредба со актуелната генерација. 

Важно е што услугата за Македонија засега е планирана, а конкретниот датум за нејзино пуштање во употреба ќе зависи од регулаторните, техничките и комерцијалните услови на пазарот. 

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin