Украина од сега може да изведува удари длабоко на руска територија без координација со САД, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на заедничка прес-конференција со канадскиот премиер Марк Карни.
„Од денес користиме свое домашно оружје со долг дострел. Искрено, во последно време воопшто не разговаравме за тоа со САД“, рече Зеленски, мислејќи на руски удари врз украинската критична инфраструктура.
Ова претставува значајна промена во однос на досегашната практика, кога Киев за напади на оддалечени цели зависеше од западни системи како американските тактички ракетни системи ATACMS и британските Storm Shadow, за кои претходно мораше да добие согласност од Вашингтон.
НАТО земјите, стравувајќи од ескалација со Москва, долго време ограничуваа употреба на овие системи само на цели во Украина, што ги фрустрираше украинските власти кои сакаа да нападнат руските сили покрај границата.