УТРО.мк

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Експлозија на плинска боца во куќа – сопствениците за влакно избегнаа трагедија!

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Експлозија на плинска боца во куќа – сопствениците за влакно избегнаа трагедија!
Vero

На социјалните мрежи се споделува вознемирувачка снимка од безбедносна камера која го забележала моментот на силна експлозија предизвикана од истекување на плин од плинска боца во куќа на засега непозната локација.

На видеото се гледа како жена се обидува да ја изнесе боцата надвор, но ја испушта непосредно пред вратата. Плинот продолжува да истекува, а откако боцата се испразнила, таа и уште еден маж повторно влегле во куќата. Иако вратите и прозорците биле отворени, во кујната најверојатно останал активен извор на пламен, по што дошло до силна експлозија која за миг ја зафатила целата куќа.

За среќа, двајцата успеале навреме да избегаат и да преживеат. Снимката е уште едно предупредување колку опасно може да биде истекувањето на плин, дури и во навидум добро проветрени простории.

Видеото може да го погледнете ТУКА

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin