
Додека формално е во сила примирје меѓу САД и Иран, Израел продолжува со интензивни воздушни напади врз Либан. Според либанското Министерство за здравство, во денешните напади загинале десетици лица, а неколку стотици се повредени.
Израелските власти соопштија дека станува збор за едни од најсилните удари врз позиции на Хезболах, при што биле погодени повеќе од 100 цели во рок од само 10 минути. Меѓу нападнатите области е и главниот град Бејрут, каде се регистрирани повеќе последователни експлозии.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека ова бил „најголемиот концентриран удар“ што го претрпел Хезболах од експлозиите во 2024 година.
Видео-снимки објавени на социјалните мрежи ја покажуваат сериозноста на разурнувањата, при што цели објекти се срамнети со земја. Локалната новинарка Сара Абдала ситуацијата ја опиша како „апокалиптична“.
„Ова не е прекин на огнот. Ова е масовно бомбардирање на цивилни подрачја“, напиша таа.
Ситуацијата во регионот останува крајно напната, со зголемена загриженост од натамошна ескалација на конфликтот.
Beirut right now.Israel is committing massacre after massacre across Lebanon — unleashing its rage against innocent civilians and families.pic.twitter.com/m7QM2ERHJr— sarah (@sahouraxo)April 8, 2026























