
Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека извршил координирани ракетни и беспилотни напади врз американски воени бази во Кувајт и Бахреин, како одговор на најновите американски воздушни напади врз иранска територија.
Според иранската државна телевизија ИРИБ, цел на нападите биле кампот Арифџан и воздухопловната база Али Ал Салем во Кувајт, како и воздухопловната база Шеик Иса и поморската база Џуфер во Бахреин. Џуфер е седиште на Петтата флота на американската морнарица и една од најважните американски воени локации во Персискиот Залив.
ИРГЦ наведува дека нападите биле одмазда за американските удари врз јужните крајбрежни области на Иран, како и врз два моста во источниот дел на земјата.
Во меѓувреме, американската Централна команда (CENTCOM) соопшти дека нејзините сили погодиле околу 90 ирански воени цели долж брегот, но не потврди дека бил нападнат железничкиот мост во Аккала, за кој претходно известија иранските медиуми.
Властите во Кувајт и Бахреин потврдија дека во текот на утринските часови биле активирани сирените за воздушна опасност. Кувајтската армија соопшти дека системите за противвоздушна одбрана пресретнале закани од ракети и беспилотни летала.
Од Револуционерната гарда порачаа дека доколку САД возвратат со нови напади, операциите ќе бидат проширени и кон други американски воени бази во регионот, што дополнително ги зголемува стравувањата од поширока ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.
O Irã lançou ataques retaliatórios contra bases americanas no Golfo após bombardeios dos EUA em território iraniano, disparando mísseis balísticos de Bushehr, Dezful e Najaf Abad. Sirenes soaram em Bahrein, Catar e Kuwait, com defesas aéreas interceptando projéteis, incluindo…https://t.co/myPkznL6mhpic.twitter.com/TugonvtKjb— Cebolinha (@Cebolinha1001)July 9, 2026

















