УТРО.мк

(ВИДЕО) Нападнат премин на украинско-полската граница, Сибиха: Теророт на Путин тропа на вратите на ЕУ и НАТО

(ВИДЕО) Нападнат премин на украинско-полската граница, Сибиха: Теророт на Путин тропа на вратите на ЕУ и НАТО
Vero

Објавена е снимка од напад врз контролен пункт на украинската страна од границата со Полска, во период на зголемена загриженост дека Русија ги насочува своите операции кон клучните транспортни и логистички врски меѓу Украина и европските земји.

На видеоматеријалот се гледа моментот на ударот во подрачјето на граничниот премин. Засега не се соопштени целосни информации за обемот на штетата и евентуалните жртви или повредени.

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха го нарече нападот „терор на Путин“ и предупреди дека руската закана сега непосредно се приближува кон границите на Европската Унија и НАТО.

„Ова е теророт на Путин кој буквално тропа на вратите на ЕУ и НАТО“, порача Сибиха, коментирајќи го нападот во пограничното подрачје.

Тој ги повика меѓународните партнери дополнително да го зголемат притисокот врз Москва. Меѓу предложените мерки се воведување целосно трговско ембарго, забрана за влез на руски државјани и построги санкции против рускиот воено-индустриски комплекс.

Туск претходно предупреди на можни напади

Полскиот премиер Доналд Туск неколку дена претходно предупреди дека Русија би можела да ги нападне граничните премини меѓу Украина и Полска.

ВИДЕОТО МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin