
Повеќе од 1.000 лица, претставени во објавите на социјалните мрежи како луѓе „кои се сметаат за кучиња“, наводно се собрале во Берлин на протест против партијата Алтернатива за Германија (АфД).
Според информациите што се споделуваат на интернет, учесниците носеле кучешки маски и други тематски додатоци, а нивното главно барање било поведување постапка за забрана на АфД во Германија.
Снимките од необичниот собир предизвикаа големо внимание и бројни реакции на социјалните мрежи. Дел од корисниците го поддржаа повикот против АфД, додека други го критикуваа начинот на кој учесниците го изразиле својот политички став.


















