
Американски стелт борбен авион Ф-35 мораше да изврши итно слетување во база на Блискиот Исток откако беше погоден од ракета, за која се верува дека потекнува од Иран, јавуваат извори на Си-Ен-Ен запознаени со настанот.
Капетанот Тим Хокинс, портпарол на американскиот команден центар, потврди дека авионот од петта генерација „вршел борбена мисија над Иран“ кога се случил инцидентот. Авионот слета безбедно, а пилотот е во стабилна состојба.
„Авионот слета безбедно и пилотот е во стабилна состојба. Овој инцидент е под истрага“, изјави Хокинс.
Американскиот министер за војна, Пит Хегсет, претходно денеска изјави дека САД „дефинитивно победија“ и дека иранските системи за воздушна одбрана се „целосно уништени“.
За потсетување, еден авион Ф-35 чини околу 100 милиони долари.
MOMENT US F-35 'SERIOUSLY DAMAGED' BY IRGC AIR DEFENSES — Fars Newspic.twitter.com/rwh5dldIfc— RT (@RT_com)March 19, 2026























