УТРО.мк

ВАЖНО известување од Центарот за управување со кризи

ВАЖНО известување од Центарот за управување со кризи
Vero

Интензивните снежни врнежи и наглото влошување на временските услови утрово предизвикаа сериозни потешкотии во сообраќајот на повеќе патни правци во западниот дел на земјата. Од Центарот за управување со кризи информираат дека состојбата на терен е променлива и бара зголемена внимателност од возачите.

Како тешко проодни се оценети патните правци Скопје – Тетово, Тетово – Гостивар, Маврово – Дебар, Кичево – Охрид, како и делницата Козјак – Скопје. Потешкотии има и на повеќе регионални патишта, каде снежната покривка и ниската видливост дополнително го отежнуваат движењето.

На единствениот број за итни случаи 112 досега се пријавени повеќе заглавени возила, како и едно излетување од коловозот. Надлежните служби се на терен и интервенираат согласно пријавите.

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да патуваат само доколку е неопходно, да ја прилагодат брзината на условите на патот и задолжително да користат зимска опрема. Дополнително, Авто-мото сојузот на Македонија од синоќа воведе задолжителна употреба на ланци за снег за сите возила на патниот правец Лисец – Попова Шапка.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран