УТРО.мк

(ВИДЕО) МАДУРО И СОПРУГАТА ПРИСТИГНАА ВО САД, ОПКОЛЕНИ И СПРОВЕДЕНИ  ОД СГОТИЦИ ДЕА АГЕНГИ

(ВИДЕО) МАДУРО И СОПРУГАТА ПРИСТИГНАА ВО САД, ОПКОЛЕНИ И СПРОВЕДЕНИ  ОД СГОТИЦИ ДЕА АГЕНГИ
Vero

Венецуелски медиуми и социјални профили блиски до опозицијата во Венецуела тврдат дека на видеото кое кружи на социјалните мрежи се гледа како поранешниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, заедно со неговата сопруга Цилија Флорес, веќе пристигнале на територија на Соединетите Американски Држави, каде како што се гледа од видеото се опколени и спроведени од голем број агенти на американската Агенција за борба против дрога (DEA).


Според овие извори, снимките прикажуваат строго обезбедено спроведување на аеродромска писта, при што двојката е окружена од десетици федерални агенти и одведена во објект со високо ниво на безбедност. Дел од медиумите наведуваат дека станува збор за специјална операција со меѓународна координација, поврзана со долгогодишните обвиненија против Мадуро за нарко-тероризам и шверц со дрога.


Венецуелските државни институции засега не излегоа со официјална потврда или демант, додека од американските власти исто така нема формално соопштение што би ги потврдило тврдењата за апсење или приведување.


Веста предизвика силни реакции на социјалните мрежи и во меѓународната јавност, каде дел од аналитичарите предупредуваат дека, доколку информациите се точни, станува збор за еден од најголемите геополитички настани во Латинска Америка во последните децении.


Ситуацијата останува непотврдена, а јавноста очекува официјални информации од Вашингтон и Каракас.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран