УТРО.мк

Урош од Берлин: Ако се селите во Германија за чистење или работа во продавница, подобро останете дома

Урош од Берлин: Ако се селите во Германија за чистење или работа во продавница, подобро останете дома
Vero

Многумина сè уште веруваат дека Германија е „земјата на соништата“ каде што може лесно да се заработи и живее безгрижно, но искуството на Србинот Урош, кој живее во Берлин, покажува дека реалноста е поинаква.

Во видео на Тикток, Урош предупредува дека преселбата во Германија во 2025 година вреди само за оние со високи квалификации или барани занати, како што се ИТ експерти, лекари со специјализации, менаџери, како и електричари и молери кои зборуваат германски јазик.

„Ако се селите во Германија за да го поминете животот чистејќи или работeјќи во продавница, подобро останете во Србија“, вели Урош, објаснувајќи дека трошоците за живот се високи, кириите скапи, а платите за работници без квалификации често не се многу повисоки од оние во Србија.

Тој потенцира дека покрај финансиските предизвици, странците често се соочуваат со отуѓеност, јазични бариери и оддалеченост од семејството и пријателите.

Урош нагласува дека преселбата треба да биде мотивирана и од желба за нови искуства и културни збогатувања, а не само од финансиски причини.

„Ако се селите само поради пари, големото прашање е дали ќе издржите“, заклучува тој, потсетувајќи дека идеализирањето на странските земји може да донесе разочарување.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран