УТРО.мк

Украинци уапсени во Унгарија со милионски суми и злато

Украинци уапсени во Унгарија со милионски суми и злато
Vero

Украина жестоко ја обвинува Унгарија за „државен тероризам“ и киднапирање по уапсувањето на седуммина вработени од државната „Ошчадбанка“ на територија на Унгарија, јави „Киев Индепендент“. Според официјалните информации на Киев, банкари од украинската институција биле приведени додека со два бронирани камиони транзитирале пари од Австрија кон Украина.

Иако властите во Будимпешта официјално не соопштиле зошто ги привеле, Киев остро реагирал. Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, на социјалната мрежа X објави дека причините за апсењето се неизвесни и дека украинската Влада официјално побарала нивно итно ослободување преку нота до унгарското Министерство за надворешни работи.

„Станува збор за земање заложници и грабеж на пари. Ако ова е „сила“, како што претходно најави премиерот Орбан, тогаш тоа е сила на криминална група“, пишува Сибиха, додавајќи дека однесувањето на Будимпешта повеќе личи на рекет и државен тероризам отколку на меѓународни односи.

Од „Ошчадбанка“ соопштија дека според GPS‑податоците, камионите со запленетиот товар се наоѓаат во централниот дел на Будимпешта. Банката наведува дека се работи за огромни суми: околу 40 милиони американски долари, 35 милиони евра и 9 килограми злато во готовина.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран