УТРО.мк

Украинските сили добиле наредба за прекин на дејствата

Украинските сили добиле наредба за прекин на дејствата
Vero

Украинските одбранбени сили добиле наредба за воспоставување привремен „режим на тишина“ долж линијата на фронтот, кој треба да започне на полноќ на 5 септември и да трае до 23:59 часот на 8 септември.

Според „Јунајтед 24 медија“, информацијата ја потврдиле извори од неколку украински воени бригади распоредени на различни делови од фронтот, како и висок претставник на безбедносниот сектор.

На единиците, според овие извори, им било наложено строго да се придржуваат до наредбата во текот на целиот период. Сепак, официјален договор за прекин на огнот меѓу Украина и Русија засега не е јавно објавен.

Наредбата доаѓа во период на засилени дипломатски активности насочени кон постигнување решение за војната.

Во меѓувреме, специјалните пратеници на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, според најавите, треба во недела, 6 септември, да пристигнат во Киев. Посетата ја потврди и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Се очекува Виткоф и Кушнер да разговараат со Зеленски за можностите за прекин на војната. Нивната посета на Украина следува по најавите дека претходно ќе престојуваат во Москва, каде што би требало да се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин.

Трамп изјави дека неговите пратеници во Москва и Киев ќе претстават предлог за мирно решавање на конфликтот.

Американскиот претседател, исто така, посочи дека неговите директни контакти со Путин му даваат уверување оти рускиот лидер нема намера да ја нападне територијата на НАТО.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin