УТРО.мк

Украина спрема голем напад врз Москва – Ракетите се подготвени

Украина спрема голем напад врз Москва – Ракетите се подготвени
Vero

Украинскиот производител на ракети Фламинго најави планови за лансирање до 30 балистички ракети кон Москва. Денис Штилман, сосопственик на украинската компанија „Фаер Поинт“, во интервју со новинарот Дмитриј Гордон истакна дека нападите врз руската престолнина се неопходни и најави дека ракетите ќе бидат подготвени до средината на 2026 година.

Новите балистички ракети, кои експертите ги споредуваат со британскиот модел FP-5, имаат дострел до 3.000 километри. Претходно, на 21 февруари, украинските сили користеле ракети „Фламинго“ во напади врз руски региони, при што руските сили собориле пет крстосувачки ракети со долг дострел.

„Фаер Поинт“, компанија поврзана со кругот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, е под истрага за корупција, но продолжува со развој на ракетите.

Руските власти веќе реагираат на најавите. Членот на Комитетот за одбрана на Државната дума, Андреј Колесник, изјави дека Русија треба да изврши превентивен напад врз местата за производство и распоредување на ракетите „Фламинго“ за да ја заштити својата престолнина. Според него, руските специјални сили имаат капацитети за брзо откривање и уништување на таквите закани.

Колесник додаде дека тврдењата на Украина за напад врз Москва се обид да се посее паника меѓу руското население и дека Русија не може да ги игнорира овие закани.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран