УТРО.мк

Трамп најавува брзо повлекување од Иран, Израел загрижен за исходот

Трамп најавува брзо повлекување од Иран, Израел загрижен за исходот
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД би можеле „многу брзо“ да се повлечат од Иран, што предизвика загриженост во Израел и отвори дилеми околу понатамошниот тек на конфликтот.

Според анализи пренесени од BBC, дел од коментаторите сметаат дека ваквата изјава може да биде тактичка манипулација со цел Иран да го намали вниманието пред евентуална копнена офанзива. Сепак, постои и реална загриженост дека САД навистина би можеле да се повлечат побрзо отколку што тоа им одговара на израелските власти.

Во меѓувреме, клучни ирански лидери се елиминирани, а воените капацитети на Техеран се сериозно ослабени. И покрај тоа, се проценува дека иранското раководство ќе се обиде да ги обнови своите сили и ќе продолжи да претставува закана за Израел и земјите од Персискиот Залив.

Израелски претставници најавуваат дека и по завршувањето на конфликтот ќе продолжат со стратешки напади врз цели во Иран. Премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел работи на создавање нови сојузи со земји од регионот против, како што рече, „заедничката иранска закана“.

Тој посочи дека веќе се воспоставуваат нови безбедносни врски, особено со држави од Персискиот Залив, каде Израел веќе има нормализирани односи со Обединетите Арапски Емирати и Бахреин.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран