УТРО.мк

Турција може да ја спаси Европа од енергетска криза: Проектот што може да го заобиколи Ормутскиот теснец и да ја промени мапата на нафтата

Турција може да ја спаси Европа од енергетска криза: Проектот што може да го заобиколи Ормутскиот теснец и да ја промени мапата на нафтата
Vero

Растечките геополитички тензии околу Ормутскиот теснец повторно ја отвораат дебатата за алтернативните енергетски рути на Блискиот Исток, при што сè почесто во фокусот се споменува проектот за нафтовод Басра–Џејхан како потенцијална стратешка алтернатива.

Директорот на Меѓународната агенција за енергија, Фатих Бирол, оценува дека нестабилноста во овој клучен морски премин ја засилува потребата од нови правци за транспорт на нафта. Според него, токму коридорот кој би ја поврзувал јужна Ирак, односно нафтените полиња во регионот Басра, со турското медитеранско пристаниште Џејхан, може да понуди долгорочно решение не само за Багдад, туку и за поширокиот енергетски пазар.

Проектот се гледа како можност да се намали зависноста од Ормутскиот теснец, една од најчувствителните точки во глобалниот енергетски систем, низ која поминува значителен дел од светската нафта и течен природен гас. Во исто време, Турција би можела да ја зацврсти својата позиција како регионален енергетски јазол, додека Европа би добила дополнителен канал за диверзификација на снабдувањето.

Бирол, говорејќи на маргините на еден форум во Анталија, нагласил дека реализацијата на ваков инфраструктурен потфат нема да биде можна без силна политичка координација меѓу Анкара и Багдад, како и без поддршка од меѓународни финансиски институции и земји кои имаат интерес за стабилни енергетски текови.

Паралелно со економските и стратешките дискусии, безбедносната состојба во регионот останува нестабилна. Во последните денови се појавија информации за зголемено присуство на поморски сили поврзани со Иранскиот корпус на револуционерната гарда во областа на Ормутскиот теснец, што дополнително ја подгрева неизвесноста околу слободната пловидба.

Дополнително, се споменуваат и тензии поврзани со ограничувања и контроли на морскиот сообраќај во зоната, при што различни страни изнесуваат спротивставени тврдења за степенот на блокада и правилата за транзит. Во вакви услови, идејата за нови копнени енергетски коридори добива сè поголема тежина во меѓународните анализи.

Експертите предупредуваат дека продолжената нестабилност може да има долгорочни последици врз инфраструктурата за нафта и гас во регионот, особено доколку се наруши редовното функционирање на постојните терминали и полиња. Рехабилитацијата на таквите системи, велат тие, е сложен и бавен процес, кој дополнително ја зголемува потребата од сигурни и алтернативни рути за снабдување.

Во таа рамка, проектот Басра–Џејхан сè повеќе се прикажува не само како економска иницијатива, туку како потенцијален геополитички инструмент кој би можел да влијае врз балансот на енергетската карта меѓу Блискиот Исток, Европа и глобалните пазари.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран