УТРО.мк

Цените на горивата летаат до небо, па во Германија сè попопуларен е овој тренд: „Ќе наточат до врв, а потоа…“

Цените на горивата летаат до небо, па во Германија сè попопуларен е овој тренд: „Ќе наточат до врв, а потоа…“
Vero

Рекордно високите цени на горивата во Германија придонесуваат за зголемување на бројот на случаи во кои возачи точат гориво и потоа си заминуваат без да ја платат сметката, предупредува германското здружение на бензински станици.

Поради загубите, некои сопственици на бензински станици веќе преземаат дополнителни мерки, па во текот на ноќта ги блокираат и исклучуваат автоматите за точење гориво.

Според здружението, подготвеноста за кражба на гориво се зголемува особено кај помладите и постарите возачи. Портпаролот Херберт Рабл за „Билд“ изјавил дека кога цената ќе достигне околу 2,40 евра за литар, се намалува прагот на толеранција кон криминалот.

„Повеќето сторители притоа го полнат целиот резервоар, иако ризикот да бидат фатени е исклучително голем, бидејќи речиси секоја бензинска станица е покриена со видеонадзор“, изјавил Рабл.

Некои крадци се обидуваат да го сокријат идентитетот користејќи украдени или изменети регистарски таблички, но ваквите измами најчесто брзо се откриваат.

Од друга страна, дел од пријавените случаи се должат и на заборавено плаќање. Во такви ситуации полицијата подоцна ги посетува возачите на нивните домашни адреси.

Ноќното блокирање на автоматите веќе покажало резултати и, според здружението, значително го намалило бројот на кражби на бензинските станици каде што се применува оваа мерка.

Цените на горивата во Германија во моментов се значително повисоки отколку во истиот период минатата година. Литар бензин Super E10 чини околу 2,35 евра, додека дизелот достигнува околу 2,51 евро.

За споредба, на крајот на септември 2025 година, E10 чинел околу 1,65 евра, а дизелот 1,56 евра за литар.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран