
Украинските сили вратиле контрола врз вкупно 176 квадратни километри територија во рамките на операцијата „Вивалди“ на лиманскиот правец во Донецката област, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски при денешната посета на воените позиции во источна Украина.
Според Зеленски, операцијата го спречила обидот на руските сили да продрат кон заднината на украинските одбранбени линии кај Словјанск и Краматорск. Тој оцени дека состојбата на тој дел од фронтот е стабилизирана. Двата града се дел од клучната украинска одбранбена зона во Донбас.
Претседателот посетил командни пунктови на единици што учествуваат во операцијата, разговарал со командантите за состојбата на теренот и им доделил одликувања на војници. На објавената снимка од посетата се гледа како разгледува карти и разговара со воениот персонал.
















